Сите граници се затвораат, нема влез во државата?

Службениците за гранична контрола во Израел ветија дека ќе штрајкуваат во недела, блокирајќи го секој влез во земјата, вклучително и меѓународниот аеродром Бен Гурион во Тел Авив.
Вработените во Службата за население и имиграција бараат подобри плати и подобра лична заштита, пишува „Тајмс оф Израел“.
Доколку штрајкот би се одржал, аеродромот во Тел Авив би бил затворен од 7:00 до 16:00 часот по локално време.
Исто така, секој патен влез во земјата би бил затворен, вклучувајќи го и мостот Аленби што го поврзува Израел со Јордан, кој се очекува да биде преполн овој викенд поради почетокот на Рамазан.
Истото важи и за преминот кон Синај, потсетува Тајмс оф Израел.