Сите го знаат популарниот актер, но малкумина го знаат неговото вистинско презиме
Еден од најдобрите холивудски актери Николас Кејџ (60) има многу интересен живот. Доби Оскар за најдобар актер во филмот „Напуштање од Лас Вегас“ од 1995 година, но малкумина знаат кое е вистинското презиме на актерот.
Николас Кејџ е роден како Николас Ким Копола во семејство со италијанско-германско потекло кое со генерации се поврзувало со филмот и уметноста, според Википедија.
Го промени презимето
Познатиот режисер Френсис Форд Копола е чичко на Николас. Во 1983 година, тој глуми во филмот на неговиот чичко „Rumble Fish“. Поради коментарите на хејтерите дека улогата во филмот ја добил поради неговите семејни врски, а не поради неговиот талент, Николас го смени презимето од Копола во Кејџ.
Своето ново презиме Николас го позајми од стрип-јунакот Лук Кејџ, уличен суперхерој склон кон депресија и епизоди на лудило. Под новото име, тој првпат се појави во филмот Valley Girl (1983), а во 1984 година ја доби првата драматична улога во филмот Birdie, во режија на Алан Паркер, каде што играше ветеран од Виетнам.
Популарниот актер денеска е во петти брак со сопругата Рика Шибата, која е 30 години помлада од него.