Сите го укинуваат карантинот, Велика Британија го воведува


Француските власти изразија жалење поради одлуката на Велика Британија да воведе задолжителен двонеделен карантин за секој кој ќе пристигне од странство, вклучително и од континентална Европа.

Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека ќе одговори со реципрочни мерки.

Британскиот министер за внатрешни работи Прити Пател вчера соопшти за задолжителниот 14-дневен карантин, појаснувајќи дека целта е спречување на ширењето на новиот корронавирус.

Секој што доаѓа од странство, вклучително и британски државјани, ќе мора да биде во изолација 14 дена и ќе мора да наведат каде ќе бидат за тоа временски период.

– Сега, откако го поминавме пикот на инфекцијата, мора да преземеме чекори за да се заштитиме од увезени случаи што би предизвикало повторно појавување на оваа смртоносна болест, рече Пател на прес-конференција.

За непочитување на таа наредба, следува казна од 1.000 фунти/. Карантин нема да биде задолжителен за оние од Република Ирска, возачи на камиони, медицински работници и сезонски работници во земјоделието. Мерката ќе се преиспитува на секои три недели.