Сите дома, Амал Клуни и Синди Крафорд на плажа


САД- Додека повеќето од нас се вртат во пижами по дома меѓу кујната и креветот и шетаме надвор со заштитни маски, адвокатката за човекови права и супермоделот Амал Клуни (42) и Синди Крафорд (54) живеат малку поинаков живот.

Двете најдобри пријателки биле забележани на плажа, летно облечени, со летни шапки и наочари за сонце, без заштитни маски, наводно, на славењето на роденденот на сопругот на Амал, оскаровецот Џорџ Клуни (59) во домот во Малибу на Крафорд и нејзиниот сопруг, бизнисменот Ранде Гербер. Клуни и Гербер беа деловни пријатели, ја имаа компанијата за текила „Казамигос“ кои ја продадоа по 2013 година и станаа милијардери.

САД се уште се соочуваат со корона-кризата, мерките не се олабени, а јавните плажи во Малибу уште се затворени.

Вилата на Клуни на езерото Комо во Италија ќе чека подобри денови, кога ќе заврши пандемијата и ќе се отворат границите. Дотогаш и Малибу може да биде добра алтернатива.

Во екот на корона-кризата и актерот Пирс Броснан со сопругата беа фатени како се бањаат во морето во нивната куќа на Хаваи. Кога имаш пари, и карантинот е полесен.