Сите четири реактори од нуклеарката Фукушима ќе бидат отстранети


Управниот одбор токиската холдинг компанија за снабдување со електрична енергија (ТЕПКО), оператор на оштетената нуклеарна централа Фукушима, денеска донесе одлука да ги отстрани сите четири реактори од својата нуклеарна централа Даини. Реакторите се отстрануваат од капацитетот сместен на околу 12 километри јужно од електраната Даичи која претрпе сериозни дефекти во катастрофалниот земјотрес и цунами во регионот во март 2011 година.

Одлуката значи дека ќе се отстранат сите десет реактори во префектурата Фукушима, иако временската рамка за демонтирање на тешко оштетените реактори во централата Даичи може да се мери со децении.

Цената на проектот се очекува да биде 2,280 милијарди јуани (2,6 милијарди долари) и може да трае 40 години. Од ТЕПКО соопштија дека ќе се гради објект за складирање, каде ќе се стават 100.000 единици потрошено нуклеарно гориво од реакторот.