Сите бараат крст, Мицкоски бара избори


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на централната манифестација во Охрид на положување на Светиот крст во водите на Охридското езеро, од каде што повторно побара одржување на предвремени парламентарни избори.

-Час поскоро да се одржат. СДСМ бега од одговор кога би се случиле. Подготвени сме да доставиме до Парламентот измени на изборниот законик, во кој што нема да има 100 дена техничка влада и ќе го користиме уставниот рок од 45 дена. Ако тоа е пречката, нека им остане оваа влада до нови избори, нека им остане министерот Спасовски, нека остане новиот министер за труд и социјална политика…, изјави Мицкоски пред новинарите.