Сирените повторно се огласија во Косовска Митровица, Србите се собираат во Звечан
Телевизијата Н1 јави дека неколку патни правци се блокирани на подрачјето на општините Звечан и Лепосавиќ.
Претходно беше најавено дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва во 19 часот ќе им се обрати на граѓаните во врска со последните инциденти на северот на Косово.
Паралелно на средбата меѓу косовската претседателка Вјоса Османи и лидерите на опозицијата во Косово било одлучено изборите на северот да се одложат за 30 април.По средбата со политичките претставници, Османи истакнала дека сите учесници се согласни со таа одлука.
„Имавме целосна согласност за април 2023 година. Исто така сакам да нагласам една важна работа дека сите претставници на политичките партии покажаа одговорност за она што е најсвето, а тоа е животот на нашите граѓани и кое мора да се обезбеди и заштити, дека полицијата ги има потребните капацитети. Ќе организираме избори, за да бидат слободни“, изјави таа.
О