Синот на Зидан се врати на корените, ќе брани за Алжир


Голманот на Гранада, Лука Зидан (27), син на француската легенда Зинедин Зидан (53), е повикан во репрезентацијата на Алжир за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство 2026 против Сомалија и Уганда.

Иако е роден во Екс-ан-Прованс, Франција, и играше за француските младински селекции, Зидан неодамна одлучил да го прифати повикот од Алжир, кој го води босанскиот селектор Владимир Петковиќ.

Бидејќи никогаш не заигра за сениорската репрезентација на Франција, ги добил сите потребни дозволи од ФИФА за да игра за земјата на неговите предци.

Семејството Зидан потекнува од берберското село Агемун во регионот Кабилија, околу 250 километри источно од главниот град Алжир. По завршувањето на неговата играчка кариера во 2006 година, Зинедин Зидан неколку пати ја посети татковината на своите родители, каде што секој пат беше пречекан како вистински херој.

Лука ја започна својата кариера во Реал Мадрид Б, каде што имаше два настапа за првиот тим под водство на својот татко. Потоа играше за Расинг Сантандер, Рајо Ваљекано и Еибар, пред да се приклучи на Гранада во 2024 година. Додека беше во Рајо му беше резерва на Столе Димитриевски и бранеше секогаш кога Македонецот беше со својата репрезентација. Мајка му Вероник Фернандес е Французинска со шпанско потекло.

Лука нема да биде првиот Зидан што играл за Алжир. Во 70-тите и 80-тите напаѓачот Џамел Зидан играше за Алжир и беше во составот за репрезентацијата што играше на Мундијалите 1982 во Шпанија и 1986 во Мексико. и покрај истото презиме, нема поврзаност со далеку попознатиот Зинедин Зидан.

Алжир моментално е на врвот на групата Г во африканските мундијалски квалификации и е на само една победа од квалификување на Светското првенство во Канада, САД и Мексико.