Синот на Трамп утре повторно доаѓа во Белград


Доналд Трамп Јуниор и Александар Вучиќ на средбата во Белград

Синот на американскиот претседател, Доналд Трамп помладиот, утре повторно ќе биде во Белград, по втор пат во последните два месеци, објави Блиц.

За време на посетата на српската престолнина, Трамп помладиот ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, а планирана е и заедничка вечера.

Попладне, тој ќе учествува на бизнис форум организиран од Стопанската комора на Србија и Клубот на бизнисмени. Според извор од Блиц, Трамп помладиот ќе им се обрати на присутните во таа пригода.

Доналд Трамп помладиот и Александар Вучиќ веќе се сретнаа кон средината на март оваа година.