Синот на Трамп, Дон јуниор, позитивен на корона

Синот на претседателот Доналд Трамп, Дон јуниор, има позитивен тест за Ковид-19, потврди портпаролт во петокот.

Дон јуниор бил позитивен на почетокот на неделава, според портпаролот, и „оттогаш е во карантин“.

„Тој досега беше целосно асимптоматски и ги следи сите медицински препорачани упатства за Ковид-19“, рече портпаролот.

Веста за дијагнозата на Дон јуниор доаѓа на денот кога Ендрју Џулијани, помошник на претседателот и син на личниот адвокат на Трамп, Руди Џулијани, беше позитивен на вирусот. Џулијани помладиот ги доби своите резултати во петокот наутро, напиша тој на Твитер и објави дека „имал лесни симптоми“.

Девојката на Дон јуниор и врвен функционер во кампањата Трамп, Кимберли Гилфојле беше позитивна на вирусот во текот на викендот на 4 јули во Јужна Дакота.