Синот на принцот престолонаследник на ОАЕ пронајден мртов во Британија


Синот на принцот престолонаследник на Обединетите Арапски Емирати беше пронајден мртов во својот дом во Велика Британија, објавија британските медиуми.

Калид ал Касими, кој е основач на модна марка и кој изложуваше свои колекции во Лондон и Париз, е опишан како „голем филозоф“ на инстаграм-профилот на својот бренд.

Синот на емирот Шаријах беше пронајден мртов во тоалетот во својата куќа во Сасекс, а лондонската полицијата соопшти дека неговата смрт се третира како необјаснива.

Неговиот татко Шеик Султан бин Мухамед ал Касими на социјалните мрежи напиша дека за Калид сега се грижи Бог.

Во Обединетите Арапски Емирати е прогласена тридневна жалост поради смртта на 39-годишниот Калид Ал Касими.

Смртта на Калид ал Касими се случува 20 години по смртта на неговиот постар брат, Шеик Мохамед бин Султан бин Мохамед ал Касими, кој почина од предозирање со дрога на возраст од 24 години.