Синот на црногорското МВР ги плукаше кошаркарите на Црвена ѕвезда

Амар Нухоџиќ, син на министерот за внатрешни работи во Владата на Црна Гора, Мевлудин Нухоџиќ, ги плукаше играчите на Црвена ѕвезда при влегувањето на теренот на вчерашниот натпревар против Будуќност во Подгорица.

Младиот Нухоџиќ без да биде спречен од редарите, влезе на теренот и плукаше по гостинските кошаркари.

Тој остана во салата „Морача“ во Подгорица да го следи натпреварот, бидејќи ниту еден од одговорните не дејствуваше ниту кон него, ниту кон други гледачи со слично однесување.

Четвртиот натпревар од финалната серија во регионалната АБА-лига се игра утревечер исто така во Подгорица.

Моменталниот резултат е 2-1 во победи за Црвена ѕвезда. Шампион ќе биде тимот кој прв ќе стигне до три победи.

Атмосферата меѓу овие два клуба е крајно наелектризирана уште по дуелите во Белград, кога црногорскиот тим се пожали на невидени притисоци од страна на српските навивачи.