Синот на Аки Рахимовски на годишнината од смртта: Залудно се борам со тагата


 

Кики Рахимовски, синот на легендарниот фронтмен на „Парни ваљак“ Аки Рахимовски, објави на својот Инстаграм профил емотивна порака по повод годишнината од смртта на неговиот татко.

„Недостигаш тато. Ништо помалку не болиш од претходно. Можеби со време… Се борам со некоја тага во себе како со ветерници, залудно… Можеби со време… Спиј мирно, тато. Тука си, те чувам. Сите те чуваме. Спиј мирно“, наведе тој.

Аки почина лани на денешен ден на возраст од 67 години по проблеми со срцето. Само неколку дена пред смртта му беа вградени четири стента во една забгребска болница. Као тинејџер беше член на неколку музички состави како „Вакуум“, „Браќа по крв“ и „Тор“. На почетокот на 1975 година го запознава гитаристот и композитор Хуесин Хасанфендиќ – Хуса и Јурица Паѓен и со нив ја основа групата „Парни вањак“..

Ќе остане запаметен по едноставниот глас и неповторливите изведби на хитовите „Dođi” (ДОјди), “Zastave” (Знамиња), “Pusti nek traje”(Пушти нека трае), “Moja je pjesma lagana”(Мојата песна е лесна), “Jesen u meni”(Есен во мене), “”Ljubavna”(Љубовна), “Neda”(Неда)…