Синот го пријавил в полиција: Поминал на црвено, два пати
Еден петгодишник во Вирцбург ја повикал полицијата и го пријавил таткото затоа што со автомобил во два наврати поминал на црвено светло на семафор.
Детето се јавило на телефонот за итни случаи за да се пожали на таткото. Чуварите на редот веднаш се јавиле на телефонот од кој било ѕвонето, разговарале со таткото и побарале детето да го слушнат.
Петгодишникот потоа, со критички тон, на полицијата ѝ соопштил дека татко му два пати поминал на црвено светло со автомобил и дека полицијата треба да го затвори.
Во разговорот со него, полицијата успеала да го увери малиот дека не е потребно патрола да дојде по таткото, како што момчето барало.