Синот (19) си го претепал таткото во Кичево


Фото: Б. Грданоски

Во петокот во полицијата во Кичево било пријавено дека околу 15 часот, по претходна расправија, во семејниот дом во Кичево, 52 – годишник од Кичево бил физички нападнат од неговиот син А.Х.(19).

Притоа, тој се здобил со повреди и бил пренесен во болницата во Кичево за укажување на лекарска помош.

Се работи на расчистување на случајот.

Истиот ден, во 19 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.Р.(51) од струмичко село затоа што се заканувал на неговите сопруга и ќерка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во 23.50 часот во Полициската станица Гостивар, 32-годишен маж од село од општина Маврово и Ростуше пријавил дека околу 23.10 часот во гостиварско село бил физички нападнат од С.Р., сестра на неговата сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Ноќеска по полноќ, во 00.30 часот во СВР Скопје, 25-годишна девојка од Скопје пријавила дека на 22.03.2024 околу 16.30 часот на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер З.П.(44) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.