Синооките имаат ист предок и три други заеднички особини


Данска– Бојата на очите, од научна гледна точка, има многу важна улога. А посебен фокус е на сините очи, односно луѓето со сини очи за кои се верува дека потекнуваат од истата генетска мутација, што понатаму наведува дека секој човек со сини очи потекнува од заеднички предок. Иако ова изгледа невозможно, науката има свое објаснување.

Може да се каже дека сите очи се со иста боја. Тоа е затоа што пигментот што им дава боја на нашите очи, меланин, е природно кафеав.

„Првично, сите имавме кафени очи“, вели професорот д-р Ханс Рудолф Лихоф Ајберг од Универзитетот во Копенхаген.

Генетската мутација, објаснува д-р Ајберг, го ограничила количеството на меланин што може да го произведат очите на една личност, а визуелниот ефект бил тоа што очите изгледале сини наместо кафени. Тим генетичари од Универзитетот во Копенхаген, всушност, ја следеле мутацијата до едно данско семејство за време на нивното истражување.

„Преку анализа на поврзаноста… ние фино ја мапиравме сината боја на очите, преку таа анализа, беше откриено дека препознатлива група на гени се наследени заедно од еден родител – научниот збор за група гени наследени заедно од еден родител е „хаплотип“. Идентификуваниот хаплотип беше вообичаен не само кај 155 синооки поединци од Данска, туку и кај пет синооки индивидуи од Турција и две синооки индивидуи од Јордан“, изјавија истражувачите за Хелт.

Покрај мапирањето на хаплотипот, тимот на д-р Ајберг спроведе анализа на митохондријална ДНК, која ги разгледува моделите на генетски мутации за да го следи потеклото на мајката стотици илјади години наназад.

„Варијациите на бојата на очите од кафена до зелена може да се објаснат со количината на меланин во ирисот, но синооките имаат само мал степен на варијација во количината на меланин во очите“, вели д-р Ајберг, нагласувајќи дека произлегува дека сите синооки се поврзани со ист предок. Сите го наследиле истиот прекинувач на точно истото место во нивната ДНК.

Спротивно на тоа, поединците со кафени очи имаат значителни индивидуални варијации во регионот на нивната ДНК што го контролира производството на меланин.

Она што понатаму беше откриено е дека мутацијата што ги прави очите сини сама по себе не е ниту добра ниту лоша.

„Тоа едноставно покажува дека природата постојано го меша човечкиот геном, создава генетски коктел од човечки хромозоми и испробува различни промени додека го прави тоа“, вели д-р Ајберг.

Она што можеме да го претпоставиме, сепак, е дека бојата на нашите очи не е единствената особина што се совпаѓа со мутацијата што довела до таа боја. На пример, ако имате сини очи, многу е поголема веројатноста да имате поголем ризик од меланом, да имате натпреварувачки дух и помали шанси да се разболите од витилиго.