Синер за финалето со Зверев: Ќе биде голема битка
Мелбурн, 24 јануари 2025 (МИА) – Бранителот на титулата на Австралија опен, Јаник Синер ( кој моментно е под истрага за допинг) се пласираше во финалето во Мелбурн, откако го совлада Американецот Бен Шелтон со 7-6 (2), 6-2, 6-2 за 2 часа и 36 минути на теренот.
– Мило ми е што успеав и благодарам на сите што ме поддржуваа. Имав благи грчеви во еден момент, нозете ми беа малку тешки во еден момент, ми требаше помош. Ќе видиме што ќе се случи во недела, изјави Италијанецот по успехот.
На прашањето за дуелот за трофејот со Александар Зверев, тој рече дека „ќе биде голема битка“.
-Имавме такви во минатото. Тој е во неверојатна форма, ќе има нерви, напнатост, ги искажа Италијанецот своите очекувања за финалето во недела.
Досега Синер и Зверев, кои се број 1 и 2 во светот, имаат шест меча меѓу кои предноста оди кај Германецот – четири победи спрема две за Италијанецот. Двајцата играле три пати еден против друг на Гренд слем турнири, но никогаш во финале.
Синер победи на Ролан Гарос во 2022 година, а Зверев има две победи на УС Опен – во 2021 и 2023 година