Синер суспендиран на три месеци
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2023/07/siner-vimbldon.jpg)
Италијанскиот тенисер Јаник Синер е суспендиран на три месеци поради случајот Клостебол, супстанца на која беше позитивен на тестот во март 2024 година (со концентрација помала од 1 милијардити дел од грам на литар).
Постигнат е договор меѓу тенисерот број еден на АТП листата и ВАДА. Санкцијата започнува на 9 февруари и ќе трае до 9 мај, а за Италијанецот најважно е што ќе може да настапи на Мастерсот 1.000 во Рим.
Синер беше позитивен на гореспоменатата супстанција во март 2024 година. ВАДА во меѓувреме на 26.септември минатата година ја обжали пресудата на трибуналот назначен од ИТИА (организација одговорна за заштита на интегритетот на професионалниот тенис), кој одлучи дека Синер не е виновен за „или грешка или небрежност“.
КАС (Спортски арбитражен суд) одлучи жалбата да се разгледува зад затворени врати на 16-ти и 17-ти април, но во меѓувреме дојде до пресврт.
Во соопштението објавено од ВАДА во саботата, од организацијата велат дека го прифаќаат објаснувањето на Синер дека тој случајно бил контаминиран со забранетата супстанција „клостебол“ од неговиот физиотерапевт. ВАДА признава дека трикратниот Гренд слем шампион „немал намера да мами“, дека лекот нема корист за подобрување на перформансите и дека сето тоа се случило „без негово знаење, како резултат на невнимание на членовите на неговата придружба“.
– Сепак, според кодот и врз основа на преседани на КАС, спортистот е одговорен за негрижата на оние околу него. Со оглед на единствениот збир на факти во овој случај, тримесечната суспензија се смета за соодветен исход, се вели во соопштението.