Синер го победи Де Минор и се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен


Мелбурн – Светскиот рекет број еден Јаник Синер ( за кого трае истрагата за допинг) денес го победи Австралиецот Алекс Де Минор во четвртфиналето на Австралија Опен со резултат 6:3, 6:2, 6:1.

Мечот траеше 1 час и 50 минути. 23-годишниот Синер имаше 2 асови и реализираше 1 брејк од 1. Австралиецот направи 2 аса, 1 двојна грешка и реализира 4 брејк топки од 10.

Во полуфиналето Синер ќе се соочи со Американецот Бен Шелтон.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Новак Ѓоковиќ и Александер Зверев. Овој  натпревар е утре на програмата на турнирот.