Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен
Мелбурн – Италијанскиот тенисер и прв светски рекет Јаник Синер претпладнево го победи Американецот Маркос Жирон во третото коло на Австралија Опен 2025 година со 6:3, 6:4 и 6:2.
Мечот траеше 1 час и 59 минути.
Италијанецот во четвртото коло ќе игра со победникот од мечот Миомир Кецмановиќ (Србија) – Холгер Руне (Данска, 13).
Наградниот фонд на Грен слемот во Мелбурн изнесува 59,9 милиони долари.