Синедејс: Вуди Ален распродаден, утре реприза во кино „Милениум“

Вечерашната проекција за филмот„ Дождлив ден во Њујорк“ на Вуди Ален од 20 часот е распродадена. Репризата е закажана за утре (14.11) во кино Милениум. Од 17, 30.

 

             КИНО МИЛЕНИУМ

 

20:00 ДОЖДЛИВ ДЕН ВО ЊУЈОРК

*Гала премиера*

режија: Вуди Ален

 

Новата романтична комедија на Вуди Ален ја раскажува приказната за двајца студенти, Гетсби и Ешли, чијшто викенд во Њујорк воопшто нема да се одвива според планот. Дождот ќе подготви низа неочекувани средби и забавни авантури за обајцата.

 

http://cinedays.mk/mk/dozdliv-den-vo-njujork-mk/

 

22:00 ПИЈАВИЦИ

*МК во ЕУ*

режија: Драган Маринковиќ

 

Филмот опфаќа периодот меѓу 1996 и 2000 година, односно четири од десетината ужасни години за Србија на крајот на дваесеттиот век. Главниот лик е писателот Петар Мириќ, човек чиишто идеали за слобода, чесност, моралност и правдина, значително се разликуваат од начинот на живот во Србија под Милошевиќ. Своите ставови за разни настани тој ги изразува јавно како коментари на локална телевизија. Добива сериозни закани и понуди од полицискиот безбедносен сектор, но одбива да соработува.

Филмот ја прикажува неговата борба против обесправеноста и автократијата, кои за жал повторно воскреснуваат во денешна Србија.

 

http://cinedays.mk/mk/pijavici-mk/

 

15:00 | СВИРКАЧИТЕ

*реприза*

режија: Корнелиу Порумбоиу

 

Кристи, романски полицаец, кој е свиркач за мафијата, ќе оди на островот Ла Гомера за да научи древен свиркачки јазик. Во Романија е под постојан полициски надзор и со помош на овој кодиран јазик ќе може да продолжи да комуницира со мафијашите за да го извлече Золт од затвор. Золт е единствениот што знае каде се скриени триесетте милиони евра.

 

http://cinedays.mk/mk/svirkacite-mk/

 

17:30 МРТВИТЕ НЕ УМИРААТ

*реприза*

режија: Џим Џармуш

 

Нешто не е во ред во заспаното гратче Центервил. Месечината е огромна и спуштена многу ниско, часовите на денот стануваат непредвидливи, а животните почнуваат да покажуваат необично однесување. Вестите од градот се страшни и научниците се загрижени, но никој не ја предвидува најчудната и најопасна реперкусија што наскоро ќе почне да го вознемирува Центервил: мртвите стануваат од гробовите и почнуваат да се хранат со живите, а граѓаните се принудени да се борат за да преживеат.

 

http://cinedays.mk/mk/mrtvite-ne-umiraat-mk/

 

             КИНО ФРОСИНА

 

19:00 ШТО КРИЕ ДОЖДОТ

*МК кратки*

режија: Сергеј Сарчевски

 

По преселбата во странство, надежен студент се соочува со осаменост и со предизвикот да се снајде емотивно и професионално во една голема светска метропола, при тоа да ги исполни, како своите, така и очекувањата на околината.

 

http://cinedays.mk/mk/sto-krie-dozdot-mk/

 

19:10 КУЌАТА НА АГА

*СинеБалкан*

режија: Лендита Зекурај

 

Емотивен приказ на животите на пет жени низ очите на деветгодишно момче, кое трага по неговиот исчезнат татко.

Деветгодишниот Ага живее со мајка му и четири други жени на зафрленa планинска локација во Косово. Ага се обидува да заработи со продажба на цигари, но главна цел му е да продолжи да го бара исчезнатиот татко. Единствената машка фигура во неговиот живот е Цера, кој е брутален и суров и покрај тоа што го варди Ага, кој е премногу млад за да разбере зошто живее на таква локација само со жени. Кога наеднаш излегува еден неочекуван итен случај, Ага е приморан да помогне и тоа доведува до низа настани што ќе му ја разоткријат вистината.

 

http://cinedays.mk/mk/kukjata-na-aga-mk/

 

21:00 СМИСЛАТА НА ЖИВОТОТ

*Монти Пајтон програма*

режија: Тери Џоунс, Тери Гилиам

 

„Смислата на животот“ е скеч-филм поврзан како студија за опасноста и апсурдноста на човековото постоење – опис што не опишува доволно колку филмот е всушност смешен. Во него има крв, секс и насилство, како и едни од најдобрите реплики од сите досегашни нивни дела на тема раѓање, смрт и сите здодевни работи во текот на животот помеѓу. Визуелно доаѓа како мешавина на Федерико Фелини, Ингмар Бергман и Базби Беркли, со проектили од повраќање! Но суштинската порака на филмот е едноставна и убава: Сите ние сме родени чуда и зошто да не бидеме добри со сите останати родени чуда.

 

http://cinedays.mk/mk/smislata-na-zivotot-mk/

 

> ЏЕБНО КИНО

19:00 СТУДЕНТСКА ПРОГРАМА

 

http://cinedays.mk/mk/studentska-programa-mk/

 

22:00 ЕЛЕКТРИЧЕН ОРГАЗАМ ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

*Музички документарни филмови*

режија: Марија Вукиќ

 

Следејќи го бендот Електрични оргазам на нивната прекуокеанска турнеја во летото 2018 година, сликаме портрет на еден од најпопуларните и најдолговечни рок бендови на просторите на поранешна Југославија, откривајќи интересни и малку познати детали од нивната 39-годишна кариера, и сето тоа директно од сеќавањата на самите членови на бендот.

 

http://cinedays.mk/mk/elektricen-orgazam-za-idnite-generacii-mk/

 

             ПРИДРУЖНА ПРОГРАМА

 

13:00 РАБОТИЛНИЦА

Увид во процесот на кастинг со Сања Дракулиќ (CEO на Duart European Actors Platform)

 

21:30 ПРОМОЦИЈА на книга од Борислав Пешиќ Благоја

 

Книгата „Long play – zabeleške u vremenu“ е фотомонографија, која содржи 1332 портрети на 333 регионални музичари што твореле во периодот помеѓу 1950-2000 година. Жанровски најзастапени се рок музичарите, а на страниците на книгата ќе ги препознаете и великаните на поп музиката од овој регион, како и некои снажни ликови од џез и блуз сцената. Книгата е во формат на грамофонска плоча во ексклузивно пакување со кутија. Печатена е на три вида хартија во две различни техники и треба да се најде на колекционерските полици опкружена со музика од плочите на уметниците опфатени во неа. На речиси 400 страници може да прочитате и биографии со интересни „цртички од животот“ на музичарите со кои растеле генерациите од регионов.

 

http://cinedays.mk/mk/long-play-mk/

 

23:00 | cinEmusic

THE NOTWIST

 

Нотвист се германски инди-рок бенд. Основан во 1989 година, бендот поминува низ неколку музички инкарнации, притоа успевајќи да одржи релативно стабилна постава. Додека раните албуми им се движат од хеви метал до дарк инди-рок, поновите изданија со кои привлекуваат најмногу внимание се главно под влијание на електронската сцена, како и другите изведувачи на продуцентската куќа Morr Music.

 

http://cinedays.mk/mk/the-notwist-mk/