Синдикатите на средба во Владата


Претставници на синдикатите денеска се на состанок во Владата, но засега нема детали за што точно ќе се разговара. 

Од Сојузот на синдикати на Македонија, пред почетокот на состанокот, изјавија дека се повикани во Владата, но дека немаат информација за што ќе се разговара. 

– Сакаме да им кажеме на владините функционери дека едногласно донесовме одлука на јавната сендица на највисоките тела на ССМ дека доколку не ги зголемат минималната плата и сите останати плати и доколку 12,6 проценти не се зголемат платите во јавниот сектор, ќе треба да живеат на минималец, изјави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Минималната плата согласно одлука на Владата е зголемена за 1.800 денари и сега изнесува 24.400 денари. Од ССМ бараат зголемување на минималната плата на ниво од 30.000 денари и зголемување на останатите плати имајќи ги предвид трошоците на живот.