Синдикат на културата: Се прекршува на Законот за работни односи во културата


Синдикатот на културата на Република Македонија преку писмено соопштениет информира дека во дел од институциите каде што е веќе исплатена платата за јануари, не ги почитувале измените во Законот за работни односи, а додека работата на одредени категории на вработени што се одвива во недела не е исплатена.

Според СКРМ, ова е грубо прекршување на Законот за работни односи од страна на Министерството за култура и дел од институциите. Од Синдикатот итно бараат јавно објаснување од страна на Министерството за култура зошто се прекршува Законот за работни односи и кога и како ќе биде надминат проблемот со недела како неработен ден.

Од СКРМ од Министерството за култура бараат да утврди одговорност кај сите директори на институциите кои го прекршиле Законот за работни односи, инаку во спротивно, како што велат, ќе започнат правни постапки за заштита на правата на вработените во културата.

– Ве известуваме дека во дел од институциите од културата не е исплатена платата за месец јануари поради тоа што нивните пресметки за плата се направени согласно последните измени на Законот за работни односи за недела како неработен ден, па Министерството за култура очигледно не знае како да ги процесира. Другиот дел од институциите каде што е веќе исплатена платата за јануари, не ги почитувале измените во Законот, па така работата на одредени категории на вработени која што се одвива во недела не е исплатена, се наведува во соопштението на Синдикатот.