Синди Крафорд: Плажата во Малибу ја замени со ридови во Калифорнија


САД- Една од најславните манекенки на сите времиња Синди Крафорд со сопругот Ренди Гербер и двете деца Присли (19) и Каја (17)  се сели во нов дом.

Новиот дом кој го бараа со години, го платиле 5 милиони евра и се наоѓа во ридовите на Калифорнија. Досегашниот дом во Малибу го продале за седум милиони долари.

Домот со четири спални соби и бањи, е речиси целиот во стакло, со елементи од дрво. Имотот е голем 550 илјади метри квадратни.