Син го прободил својот татко кој починал од повредите


Во средат,а во село Вранешница, кичевско, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода А.К.(25), поради сомнение дека околу 20.30 часот во семејниот дом со остар предмет му нанел повреди на неговиот татко Ј.К.(48), од кои подоцна починал.

По преземени мерки било утврдено дека на случајот му претходела расправија и физичка пресметка во која Ј.К. со ловечка пушка му се заканил на А.К..

За случајот е запознаен Јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција. При увидот, од просториите каде престојувал Ј.К. биле подигнати ловечка пушка бокерица калибар 12х70 со 2 патрони во цевка, ловечки карабин со оптички нишан калибар 7,9мм, кутија со 13 патрони 12х70 и кутија со 10 парчиња боева муниција 7,9мм.

По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.