Симулациска вежба за евакуација при пожар и земјотрес во ООУ „Лазо Ангеловски“


Денеска во основното училиште „Лазо Ангеловски“ се одржа симулациска вежба за справување и евакуација во услови на пожар и земјотрес на која присуствуваше и градоначалникот Тимчо Муцунски.

Станува збор за вежба која ова основно училиште ја организира во соработка со Министерството за внатрешни работи, Противпожарната бригада и претставниците на Црвен Крст.

Општина Аеродром и во иднина ќе ги поддржува и ќе учествува во сите превентивни активности кои во соработка во државните и невладините организации ќе придонесат за подигнување на свеста и безбедноста на граѓаните.

Успешната реализација на денешната вежба е уште една потврда за заложбата кон подигнување на подготвеноста за справување со сите предизвици, но и превентивно потсетување до граѓаните за одговорно однесување во услови на пожари и земјотрес.