Симулација: Вака би се проширила радијацијата од нуклеарната централа Запорожје (видео)


 

Научници од Украинскиот хидрометеоролошки институт симулирале ширење на радијација во случај на нуклеарна катастрофа во електраната Запорожје, најголемиот нуклеарен реактор во Европа.

Тие открија дека во случај на временските услови од претходните неколку дена, радиоактивниот материјал може да достигне северно дури до Балтичкото Море, а патем да се надвисне над Естонија, Латвија, Литванија, Полска и Белорусија.

На запад би стигнал до Молдавија, Романија, Србија, Словачка, Унгарија и Чешка, пишува The Guardian, пренесува Индекс.хр.

 

Русија се закани дека ќе ја затвори нуклеарната централа

Истото го тврди и Русија, која предупреди дека би можела да ја затвори нуклеарната централа Запорожје доколку Украина продолжи да ја гранатира централата.

Шефот на руските сили за радиоактивна, хемиска и биолошка одбрана изјави дека во претходните напади биле оштетени помошните системи за одржување на електраната. Тој додаде дека во случај на несреќа радиоактивен материјал ќе ги покрие Полска, Германија и Словачка.

 

Нуклеарната централа, окупирана од Русите, но управувана од украински персонал, неодамна беше место на често гранатирање, при што двете страни меѓусебно се обвинуваат за нападите.