Симона Халеп рече „да“: Славната тенисерка се мажи за Македонец


По Рафаел Надал, кој минатиот викенд стапна на „лудиот камен“, наскоро следува уште една венчавка во „белиот спорт“.

Романката Симона Халеп му рече „да“ на своето момче – Тони Јурук (40), а бракот го одобрил и нејзиниот татко, но под еден услов. Тој побарал младоженецот да ја помести свадбата за септември в година, односно по учеството на гренд-слемот во Њујорк. Таткото сака неговата ќерка да учествува на сите големи тениски турнири следната година.

Симона и Тони се една година во врска. Медиумите од регионот пишуваат дека Тони е Влав со потекло од Македонија. Милијардер е и сопственик на неколку фирми.

Симона Халеп е една од најпопуларните личности во Романија. Моментно шестата тенисерка во светот ужива во тенисот, но истакнува оти бракот би ѝ бил приоритет.

Таа признава дека би сакала свадбата да биде во Романија.