Симон Трпчески ја отворa новата концертна сезона на Прашката филхармонија


На македонскиот пијанист Симон Трпчески му падна честа вечерва да ја отвори новата концертна сезона на Прашката филхармонија. На свечениот концерт пред пробирливата прашка публика во салата Сметана во Градскиот дом тој ќе го свири Концертот за клавир бр. 5 наречен ,,Империјал” од Лудвиг Ван Бетовен, под диригентство на Емануел Вилауме, познат шефдиригент на Прашката филхармонија.

На програмата е и Третата симфонија во д-мол на Антон Брукнер, посветен на Ричард Вагнер.

Концертот на Трпчески се најавува како настап на извонреден музичар од А оркестарска серија во 2019 и 2020 година.

По настапот во Прага, овој месец Трпчески ќе има настапи и во Ереван и во Острава.