Симеоне заразен со КОВИД-19


Новиот коронавирус не го одмина тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне. Аргентинскиот стручњак даде позитивен тест за КОВИД-19, а веста беше пренесена од официјалната веб-страница на „јорганџиите“.

Тестовите беа извршени во петокот, на 11 септември, а резултатите излегоа вчера. Симеоне нема симптоми, но е ставен во изолација во неговиот дом. Ова е трет случај на инфекција со коронавирус во Атлетико.

Првите два случаи беа со напаѓачот Диего Кошта и играчот за врска Сантијаго Ариас.

Шампионатот во Ла Лига започна вчера и продолжува денес, но некои од натпреварите се одложени.

Според програмата, првиот натпревар на Атлетико е на 27 септември, откако е домаќин на Гранада.