„Сименс хелтинерс“ го купуваат американски „Варијан Медикал“ за 16 милијарди долари

„Сименс хелтинерссе согласи да ја купи американската компанија „Варијан Медикал системс“ за околу 16,4 милијарди американски долари во готово, што е најголемата медицинска аквизиција годинава, јави Блумберг.

Германската компанија за медицинска технологија понуди 177,5 долари за акција за фирмата со седиште во Пало Алто, Калифорнија, што е за 24 проценти повеќе од цената на затворање на пазарот на капитал во петокот.

Договорот ќе ѝ овозможи на „Сименс хелтинерс“ значаен удел на пазарот во брзорастечката област за третман на рак, каде што во моментот има мало присуство. „Сименс хелтинерс“ соопшти дека откупот ќе има позитивен ефект врз заработката по акција со првите 12 месеци од затворањето.

Аквизицијата доаѓа во услови кога има рани сигнали за зделки по ширењето на коронавирусот и влошената економска перспектива оваа година. Активностите во индустријата за медицински помагала се исто така во пораст, со предложената аквизиција на Термо Фишер Сајнтифик“ за групацијата Смитс“ за над 10 милијарди американски долари за делот за медицинска опрема.

Зделката ќе ги обедини двата партнера кои соработуваат повеќе од една деценија во области како што е дијагностичка радиотерапија за третмани со карцином.

„Хелтинерс“ годинава напреднаа 2,7 отсто зајакнувајќи ја пазарната капитализација на 43,6 милијарди евра. Приходите во третиот квартал беа 3,31 милијарди евра додека заработката пред камата и даноци достигнаа 461 милиони евра, соопшти компанијата во неделата. Компанијата исто така очекува целокупната заработувачка по акција да се зголеми од 1,54 до 1,62 евра.