Силвио Берлускони успешно опериран: Од болничка соба во изборна кампања


Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони опериран е во болница во Милано поради опструкција на цревата, пренесоа италијанските медиуми.

Агенциите пренесоа дека операцијата била успешна и дека Берлускони е добро. Се очекува дека ќе излезе од болница за неколку дена.

Некогашниот премиер планираше вчера да присуствува на политички собир во рамки на кампањата за претстојните избори за Европскиот парламент, но лекарите му советуваа дека тоа не чини.

Берлускони (82) по пат на Твитер се заблагодари на сите за добрите желби и рече дека е во добра форма, и дека е „подготвен за оваа изборна кампања“.

Здравјето на поранешниот премиер е нарушено во последните години. Берлускони во 2016 година го оперираше срцето, а во март оваа година од кила во препоните.

Покрај здравствените проблеми, Берлускони објави дека оваа година ќе се кандидира на европските избори за да покрене дебата за „иднината на светот“. Гласањето на Европски парламент во Италија ќе биде одржано на 26 мај.