Силвана Блажевска е нова в.д. директорка на „Стоби“


Силвана Блажевска е нова в.д.  директорка на Националната установа „Стоби“, наш најголем археолошки локалитет. Таа доаѓа на местото на досегашниот директор, Спасе Перовски.

Блажевска, која е именувана на оваа позиција од министерот за култура, Зоран Љутков, е доктор по археолошки науки, вработена како кустос советник за архитектонска пластика и скулптура.

Таа и во минатото беше директорка на „Стоби“, и тоа во два мандата, во периодот 2008-2017 година.