Силва: Силни сме, затоа што немаме фигура како Роналдо и Меси


Фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва даде интересо мислење за тоа која е најголемата сила на „граѓаните“.

Според него, таа доаѓа од фактот дека во составот немаат фигура како Кристијано Роналдо и Лионел Меси, кои можат сами да освојат даден натпревар.

– Капитените, и особено Компани, имаат огромно влијание врз тимот. Фернандињо исто командува често. Давид Силва и Агуеро, други помалку искусни играчи – сите овие се големи имиња, особено кога ќе дојде завршниот дел од сезоната и тоа го покажуваат. Верувам дека силата на тимот ни доаѓа од фактот дека не располагаме со фигура како Роналдо или Меси, кои сами можат да освојат натпревари. Секој од нас го знае своето место на теренот и сите се чувствуваме подеднакво важни, изјави Бернардо во интервју за португалското издание на „ЏиКју“.