Силното невреме прави пустош и во Белград


 

Невреме пропратено со силен ветер, силен дожд и грмежи, што направи вистински хаос во Загреб, а имаше и тројца загинати, пристигна во Србија. Одредени делови од земјата се без струја, а силниот ветер уриваше дрвја, особено во Белград. Засега нема информации за повредени, но според видеата од социјалните мрежи е причинета голема материјална штета.

Два крана паднале во Нов Белград во Аеродром сити од силниот ветер. Според првите информации нема повредени.

„Ер Србија“ соопшти дека белградскиот аеродром е привремено затворен, како и дека имало несреќа на еден лет.

Невремето го зафати и Нови Сад.