Силно невреме во Словенија: Одрон затрупа автобус, воз излета од шините


Големо невреме зафати делови од Словенија во понеделникот вечерта, а силниот дожд предизвика полни раце работа за итната помош.

Во Загорје одрон на камења делумно затрупа и оштети автобус, при што двајца патници се повредени и им била укажана итна медицинска помош.

На железничката пруга меѓу Сава и Загорје на Сава, настанал одрон, поради што возот излетал од шините. Нема повредени, јавува N1 Словенија.

Железничката пруга ќе биде затворена до следно  известување. Во Литија силен ветер ја оштети гимназијата, при што се скршени и откачени гредите од таванот.

 

Најобилни врнежи се забележани во Литија, каде наврнале дури 107 литри дожд на метар квадратен, од кои за само десет минути наврнале 32 литри. Во Љубљана во Трбовље се измерени 57 и 48 литри дожд на метар квадратен, пишува 24ур. Утрово врнежи од дожд имаше во Горење и северна Приморска. Во Толмин наврнале 95 литри дожд на метар квадратен.

Невремето со обилни врнежи го зафати и подрачјето на општина Лашко. Поплавени се повеќе згради, патишта и подвозници. Пожарникарите од ПГД Лашко и ПГД Речица интервенирале и укажале помош за отстранување на опасноста и отстранување на последиците од невремето.