Силно невреме во Европа: Во Србија отсечен Копаоник, во Хрватска ветриштата уриваа дрвја и покриви

Повеќе земји во централна Европа беа погодени од невреме во кое имаше и човечки жртви. И делови од регионот беа зафатени од силни ветришта и снежни врнежи


Снежно невреме и силни ветришта зафатија повеќе земји во Европа во саботата предизвикувајќи големи материјални штети, а во Полска беа регистрирани и две жртви. Како што пренесуваат агенциите, во Чешка, Словачка, Полска, сообраќајот беше парализиран, откако падна големо количество снег, што предизвика и бројни други компликации. Слично беше и во регионот, односно во Хрватска и во Србија.

Сообраќајот во Чешка е отежнат поради силните ветрови, соборени се многу дрвја, а околу 20.000 семејства кои ги користат услугите на енергетската компанија E.ON, како и 70.000 домаќинства кои ги користат услугите на компанијата ЧЕЗ, останаа без струја, пренесува чешкиот портал idnes.cz.

Поради обилните снежни врнежи, Словачка има проблеми пред се на северот на земјата, каде поради силен ветер и снег се затворени многу ски центри и патишта, а поради лошото време дошло до верижен судир на 30 автомобили, пренесува чешкиот портал. seznam.cz

Во Полска две лица загинаа поради невремето.

Една жена загина во близина на северното пристаниште Гдањск кога нејзиниот автомобил удрил во дрво, додека другата жртва настрадала во јужна Полска кога дрво однесено од ветер паднало врз нејзината куќа, пренесе Танјуг.

Српските медиуми јавуваат дека и во оваа соседна земја снежното невреме вчера предизвикало многу проблеми. Министерството за внатрешни работи на Србија апелираше до граѓаните да не одат на пат доколку тоа е неопходно, а неколку патни правци беа прекинати за сообраќај. Припадниците на Одделението за вонредни состојби на Министерството за внатрешни работи се ангажирани за отстранување на последиците од временските услови кои ја зафатија територијата на Србија. Како што пренесоа медиумите во Србија, вчера сите патишта кон Копаоник биле непроодни поради паднати дрвја и големи снежни наноси.

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by InfoKOP (@infokop)

„Пожарникарите-спасувачи се ангажирани за евакуација на лицата на патот Сјеница-Нови Пазар во градот Брњица, како и пружање помош на надлежните патни претпријатија во отстранување на паднатите дрвја со цел што побрзо воспоставување сообраќај на тој патен правец и намалување. ризикот од последиците од снежно невреме за нашите граѓани – велат во српскот МВР и бараат граѓаните да не излегуваат на пат, наведувајќи ја деталната листа на патишта кои се непроодни.

Делови од Србија останаа и без електрична енергија.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by МУП Републике Србије 🇷🇸 (@mupsrbije)

Во Хрватска, пак, силно невреме зафати делови од земјата, а на сила беше предупредување од прв степен. Во Сплит полицијата го запре сообраќајот во делови од градот.  Имено, како последица на силните налети на ветер, од околните згради на улица почнале да паѓаат предмети.
Силно невреме денеска ја погоди и Чазма во Хрватска и предизвика огромни материјални штети. Засега нема информации дали има повредени.

„Големи штети, здробени автомобили, превртени камиони, соборени дрвја. Во цел град нема струја и како што сега стојат работите два дена ќе нема струја бидејќи е урнат 35 киловатниот далновод“, велат надлежните за хрватските медиуми.

„Таква сила одамна немам видено“, вели градоначалникот на Чазма. Се уште нема информации за повредени лица. Низ градот се слушаат сирени.

И полицијата се уште нема информации дали има загинати во невремето. Со нив контактираат главно граѓани чиј имот е оштетен. Најмногу станува збор за оштетувања на возила поради паднати дрвја, засега нема пријави за повредени – изјави за Мојпортал Саша Ѓорѓевиќ, портпарол на ПУ Бјеловарско-Билогорска.

Итните служби се испратени на терен, а вработени во Службата за цивилна заштита во Бјеловар, во соработка со претставници на Штабот за цивилна заштита и началникот на пожарната жупанија, се во посета на погодените подрачја за првична проценка на штетите и организирање на потребните активности за елиминирање на последиците од невремето. Невреме пропратено со ветер, град и дожд го зафати и подрачјето на Грубишно поле, каде предизвика материјална штета на објекти и возила.