Силниот ветер откорна триесетина дрва во Битола

Силниот ветер откорна триесеттина дрва низ Битола, искрши гранки во голем дел од Градското шеталиште, по дрворедите низ градот и во приватни домови. Дел од паднатите дрвја налегнаа на сообраќајниците и го попречија за кусо одвивањето на сообраќајот. Екипите на ЈКП „Комуналец“ го расчистуваат нередот. Веторот и дождот траеја крако време попладнето
„Од денешното невреме што ја зафати Битола настана оштетување и целосно паѓање на околу 30-ина дрвја. Екипите на ЈП ‘Комуналец’ излегоа на терен и во поголема акција успешно ги расчистија сообраќајниците кои беа препречени од паднатите дрвја. Се мијат и метат сообраќајниците низ градот и централното градско подрачје заради целосно отстранување на последиците од невремето. Во наредните денови ќе продолжат активностите за расчистувањето на сите зелени површини“, соопштија од битолски „Комуналец“. (А.Б.)