Силјановска: Знам дека победи противкандидатот, но не ја загубив битката


Вообичаено поразените се чувствуваат лошо, но јас никогаш не сум била поисполнета, рече кандидатот за претседател, Гордана Силјановска – Давкова. Таа им изрази благодарност на околу 370.000 граѓани, колку што и дадоа поддршка, при што станува збор за педесетина илјади повеќе од првиот круг.

„Прашање е дали резултатот води кон помирување на обединување и помирување или означува поделба по повеќе основи, интраетничка и дали синтагмата заедно одиме напред навистина го ветува тоа. Ова беше најголемата моја политичка школа во мојот живот“, истакна Силјановска.

Резултатите ќе се анализираат, порача таа.