Силјановска: Сопругот го купи станот како носител на станарското право


Во 1992 кога професорката Гордана Силјановска Давкова е министерка, беше почната примената на Законот за приватизација на становите во општествена сопственост, a според тој закон сопругот на Гордана Силјановска Давкова го купи станот како носител на станарското право, појаснува преку соопштение кандидатот за претседател поддржан од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Повикувајќи се на сторија која кружи по медиумите кандидатот за претседател Силјановска – Давкова смета дека таа е основ надлежните институции, да истражат на кој начин е стекнат овој имот кој бил во државна сопственост, во време кога Силјановска била министерка во Владата.

Се бара одговор на прашањето дали и како министерка Силјановска влијаела на одлуките?
Kуќата е со површина од 134 квадрати, а била купена за 83.500 германски марки во 1993.
Плацот е со површина од 545 м2 во најексклузивното место во Скопје.
Исто така низ јавноста кружи прашањето како со професорска плата Силјаносвка и нејзиниот сопруг станале сопственици на 10 деловни објекти во ТЦ Мавровка, од кои наплаќаат кирии.
„Апсурдно е партијата која го приватизираше целиот имот на Комунистичката партија во тој период да се служи со лаги и манипулации и да обвинува друг за приватизација на имот.
На СДСМ им е повеќе од јасно дека на 5-ти мај граѓанките и граѓаните ќе им дадат црвен картон на ненародните политики на оваа власт. Народот ги препознава нивните лаги и повеќе не им верува“, се додава во соопштението.