Силјановска поради набиена агенда не учествувала на дебатата на Телма

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова, ја појасни причината зошто не учествуваше на синоќешната дебата на Телевизија Телма „Жешко столче“.

Член на нејзиниот Граѓански штаб во изјава за МИА рече дека Силјановска во рамки на набиена изборна агенда учествуваше на четири дебати и даде над 100 интервјуа за домашни и странски медиуми.

– На дел од медиумите засега не успеа да одговори на барањата за интервју или дебата и тоа ќе го исполни пред вториот круг на изборите. Професорката Силјановска учествуваше на првата дебата на Телма и повторно ќе учествува на други дебати и интервјуа во овој медиум но смета дека на рамноправна основа треба да ги испочитува барањата за настапи и од другите медиуми, вели член на Граѓански штаб на претседателскиот кандидат Силјановска.