Сиљановска на свечена вечера со лидерите од НАТО, средбата со бугарскиот премиер виси

Mакедонската претседателка гордана Сиљановска Давкова синоќа присуствуваше на вечерата што ја организира холандскиот крал Вилем-Александар за учесниците на Самитот, меѓу кои и американскиот претседател Доналд Трамп.
Од фотографиите што беа објавени од НАТО може да се види атмосферата на вечерата и распоредот на лидерите зад тркалезните маси, при што нашата претседателка седеше до претседателот на Украина Володомир Зеленски, а италијанската премиерка Џорџија Мелони до Трамп.
Според она што го објави шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски таа може да биде релаксирана бидејќи Македонија нема проблем со 5-те отсто за одбрана (и без тоа не е доволно воено опремена), а веројатно нема да има ни средба со бугарскиот премиер Росен Жељасков.
Според најавите од премиерот Христијан Мицкоски по средбата со претседателиот на Европскиот совет Антонио Кошта во Хаг требаше да се одржи некој вид соочување на Бугарија и на Македонија, во присуство на генералниот секретар на НАТО и претставници на САД, на ЕУ што и тогаш изгледаше премногу амбициозно, па и наивно, дека може да се случи бидејќи сите тие во Хаг имаат поважна работа, а НАТО не сакаше да биде ни дел од спорот на Македонија со Грција, иако од тоа зависеше приемот во Алијансата на нашата држава.
Инаку, на самитот покрај Сиљановска и Муцунски, Македонија е преставена и со Радмила Шекеринска при што тема е дали нашата претседателка ќе го искористи присуството за средба со неа.