Сиљановска ќе оди на конференција за океаните во Ница. И ќе зборува за океаните


 

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оди на уште една меѓународна конференција, овој пат за океаните, што треба да се одржи во Ница, Франција. И ќе зборува за зачувување на океаните. Според соопштението на најзиниот кабиент, таа е од денеска на Конференција на Обединетите нации за океанот.

Кабинетот на претседателката за да му даде поголема важност на настанот од македонска гледна точка (ниту излегуваме на море, а камо ли на океан) вели дека Сиљановска ќе присуствува на приемот што ќе го организира францускиот претседател Емануел Макрон и ќе биде дел од церемонијата на отворање на Декадата за криосферски науки.

Сиљановска-Давкова ќе го потпише Договорот во рамки на Конвенцијата на ОН за правото на морето за зачувување и одржливо користење на морската биолошка разновидност на области надвор од националната јурисдикција, усвоен во Њујорк на 19 јуни 2023 година.