Силјановска, Кедев, Дурловски и Борко Ристовски во тимот на Мицкоски


Професорката Гордана Силјановска-Давкова, докторот Сашко Кедев, оперскиот пејач Игор Дурловски и ракометниот голман Борко Ристовски ќе бидат дел од новофофмираниот тим на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, чија задача ќе биде да помогнат во „обновата на Македонија“.

„Македонија живее тешко секојдневие, народот живее сиромашно, со проблеми и систем кој не функционира. Животот во Македонија е полн со неправди, сиромаштија и несигурност. Се нема концепт и визија, се нема план, но затоа криминал и корупција се насекаде околу нас. Целта на оваа октопод влада е како да украдат денар повеќе, како да се збогатат… Затоа излеговме на терен, бидејќи сакаме да слушнеме што мисли народот“, истакна Мицкоски.

Тој вели дека досега повеќе од 10.000 граѓани го кажале својот проблем, а партијата ќе понуди решение за проблемите.

„ВМРО-ДПМНЕ го следи времето и модерните текови, во таа насока формирав тим од стратешки соработници од врвни професионалци, кои ќе се вложат бидејќи на Македонија по сите порази и требаат успеси. Овој тим кој ќе го стави на располагање своето знаење за ‘Обнова на Македонија’, ќе се дообликува во периодот што следи“, рече Мицкоски.

Во тимот се и Владимир Дуковски, Хозе Караско, Влатко Гигов, Јанко Баждавела, Борко Ристовски, Сања Божиновска, Ака Махмут, Лазар Јовески, Зоран Марков, Гоце Наумовски, Гоце Андреевски, Александар Климовски, Коста Митровски…