Силјановска го вика Пендаровски на дебата, но не и другите


 

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, го повика претседателот Стево Пендаровски на дебата од митингот во Виница, но не кажа дали би излегла со другите претседателски ривали на соочување. Таа изјави дека „секој претседател го завршува мандатот со еден детален извештај со кој што ќе потврди што реализирал“.

За потоа да изјави: „Што се однесува до дебатите, за коишто вели дека бегале некои од големите партии, само да потсетам дека сите дебати со мене ги изгуби. Нека одбере место, нека одбере простор, нека одбере формат, каде сака, пак ќе го победам“.