(ВИДЕО) Сиљановска го помеша Венс со Рубио, го прекрсти во Ди Џеј

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги помеша државниот секретар на САД, Марко Рубио, со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс. Дополнително, во изјавата за ТВ21, таа место Џеј Ди Венс го нарече потпретседателот – Диџеј Венс.Инаку, Венс не присуствуваше на Самитот на НАТО во Хаг.
Во изјавата за ТВ21 Сиљановска рече дека со Трамп бил и „потпретседателот Диџеј Венс“. Додаде и дека потпретседателот на САД се познава со министерот Муцунски, а најави дека е можно Венс да ја посети Македонија. Всушност, Муцунски имаше средба со Рубио во Вашингтон на 29 мај годинава.
„Јас му кажав дека сум македонска претседателка, и тој имаше интересна реакција, зборувам за говорот на телото. Му реков дека е најважно да се сочува мирот“, рече Сиљановска-Давкова.
Сиљановска-Давкова ја предводи македонската државна делегација на Самитот на НАТО, во која се и министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и за одбрана Владо Мисајловски. Претседателот Трамп ја предовди делегацијата на САД во која се и Рубио и државниот секретар за одбрана Питер Хегсет.