Сиљановска формираше Совет за млади
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за формирање на Совет за млади, како повремено работно тело кое ќе ги разгледува и анализира прашањата поврзани со младите, младинските политики и иницијативите кои произлегуваат од потребите на младите со цел да се унапреди нивната положба во општеството.
Советот за млади, кој се формира во пресрет на 17 ноември, Меѓународниот ден на студентите, се состои од претседател и 19 члена, а во неговата работа можат да бидат поканети да земат учество и научни и стручни работници, претставници од научни образовни установи, младински и студентски здруженија, како и претставници на организациите на стопанствениците од земјата.
За претседател на Советот за млади е именувана Лина Рангелова.