Силен земјотрес во Романија почувствуван и во Белград


Силен земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија.

Епицентарот бил во близина на градот Арад, на длабочина од девет километри.

Земјотресот бил почувствуван и во Белград, пишува „Блиц“.

„Можам да се заколнам дека земјотресот се почувствува во Белград“, „Многу силно се почувствува во Клуж-Напока. Живеам на третиот кат. Траеше околу 20 секунди“, се дел од коментарите на веб-страницата на ЕМСЦ.