Силен земјотрес во Индонезија, се почувствува и во Австралија


Индонезија беше погодена од силен земјотрес, со јачина од 7,6 степени според Рихтер.

Епицентарот бил во Тиморското Море, а се почувствувал во Индонезија, Тимор-Лесте, Папуа Нова Гвинеја и во Австралија.

ЕМСЦ прво јави дека земјотресот е со јачина од 7,4 степени, а во меѓувреме дојдоа нови информации.

Сеизмолошките служби веат дека не се очекува цунами.

Земјотресот е забележан на 115 км длабочина.

„Најсилен земјотрес што сум го почувствувал во Дарвин“, напиша еден граѓанин од австралискиот град Дарвин, на страницата на ЕМСЦ.