Силен земјотрес регистриран на Тајван


Земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на Тајван.

Земјотресот бил на длабочина од околу еден километар под површината на земјата.

Издадено е предупредување од појава на цунами.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.